Утрински Весник
Македонија

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи на Ковид-19

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информираше дека во шест градови во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со коронавирус.

– Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега четири лица починаа, а 47 се оздравени. Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по четири случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот.

Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, а сите евидентирани ковид-позитивни се оздравени, наведоа од Министерството за здравство. см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето