Утрински Весник
Спорт

Во Италија донесоа решение за Серија „А“

Доминација на домаќините на попладневите средби во Серија А
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 1 мај 2020 (МИА) – Сите 20 клуба во Серија „А“ гласаа за завршување на италијанската фудбалска сезона.

Иако Торино и Бреша досега остро се спротивставуваа, а Масимо Челино дури објави дека неговиот тим нема да излезе на теренот доколку се реши да се обнови првенството, денес овие два клуба гласаа „за“. Ова се случи за време на денешната видео конференција меѓу претставниците на 20-те клубови.

Резултатот од гласањето значи дека и федерацијата и клубовите ќе работат за завршување на сезоната.

Сепак, сега, владата мора да го даде своето одобрение.

Денес стана јасно дека четири клуба – Болоња, Парма, СПАЛ 2013 и Сасуоло, веќе добиле дозвола во понеделник да продолжат со тренинзите.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата