Утрински Весник
Македонија

Земјотрес почувствуван во поширокиот дебарски регион

Земјотрес почувствуван во поширокиот дебарски регион

 

Дебар, 1 мај 2020(МИА) – Земјотрес попладнево ги вознемири жителите од поширокиот дебарски регион. Поради полицискиот час и подготовката на домаќинствата од исламска религија за ифтар вечера сите жители беа во своите домови. Дел од нив, оние кои живеат во повисоките стамбени згради за кусо ги напуштија своите домови.

Потресот беше почувствуван во 18:21 часот со епицентар во близина на Ростуше, а според информациите тој е со интензитет од 3,4 степени и на длабочина од два километра.

Ова е втор потрес почувстуван во овој дел на земјата со епицентар кај Ростуше во последните десет дена. Претходно на 20 април земјотресот беше со јачина од три степени.

Епицентарт е во подрачјето на општина Маврово и Ростуше, поради што тој се почувстуван и во општините Дебар и Центар Жупа. вт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим