Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам да не биде македонски, тогаш не ни треба ЕУ

Пендаровски: Владата ќе мора брзо да размисли дали во Куманово ќе го примени моделот од Дебар

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, истакна претседателот Стево коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ.

-Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, вели Пендаровски во интервјуто за емисијата „360 степени“ кое ќе се прикажува вечерва на ТВ Алсат.

Шефот на државата одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.

За лидерската вели дека во телефонски разговори потврди за присуство добил од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а во редовна комуникација е и со албанските политички партии. Лидерската, додава тој, би се одржала меѓу 10, 11 и 12 мај. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Струмичанец ја избодел сопругата, откако претходно не успеал со шприц да и стави непозната течност во уста

Петмина уапсени на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства (ФОТО)

„Единствената жена во просторијата” – вистинска приказна за Хеди Ламар, генијалниот ум зад WiFi, GPS и Bluetooth