Утрински Весник
Македонија

МВР-билтен

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Во 19:20 часот вчера во Полициското одделение Галате Н.К.(55) од село Калиште пријавил дека на локалниот пат од село Неготино кон село Калиште, по претходна расправија околу сообраќај, бил физички нападнат со тврд предмет од А.В.(38) од с.Калиште. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 19:36 часот во Полициското одделение Мирковци И.А.(40) пријавил дека околу 13.30 часот додека неговиот татко С.А.(65) од село Кучевиште, заедно со неговиот 12-годишен син, на место викано „Кучкарник“, на езерце во близина на рудник, рекреативно ловеле риби, дошол В.А.(48) од село Мирковци, кој се претставил како сопственик на езерцето. По кратка вербална расправија, В.А. со тврд предмет го удрил С.А. во пределот на главата и откако забележал дека С.А. е повреден, ги зел двајцата во неговото возило и се упатил кон Мирковци, каде се судрил со возило „опел астра“ управувано од Г.Т.(51) од Скопје. Потоа С.А., Г.Т., 12-годишникот и В.А. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар, на С.А. му биле констатирани тешки телесни повреди, а како последица на незгодата со телесни повреди се здобиле Г.Т., 12-годишникот и В.А. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 16:30 часот било пријавено дека во село Врбоец настанал пожар во два помошни објекта – плевни, сопственост на Л.Н.(67) и на К.Н.(52), двајцата од с.Врбоец. Покривните конструкции од двата објекта биле целосно опожарени заедно со сѐ што било складирано во плевните. Во 18.00 часот од Територијалната противпожарна единица Кривогаштани пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Вчера во 14 часот било пријавено дека на ул.„516“ во нас.Ќерамидница, по претходна расправија со неговата ќерка С.К.(42), П.К.(66) со пиштол испукал неколку куршуми кон ѕидот на собата. На местото на настанот пронајдени биле две чаури, како и уште еден пиштол. П.К. бил приведен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17:20 часот било пријавено дека на ул.„Перо Наков“, во напуштена куќа бил пронајден починат Р.У.(19) од Скопје, без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Вчера во 21 часот во СВР Куманово А.В.(38) од Куманово пријавил дека во населбата Средорек, С.Н. физички го нападнал неговиот малолетен син. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 11:20 часот во СВР Битола Т.П.Ѓ.(41) од Битола пријавила дека на 29.04.2020 околу 16 часот на ул.„Широка“, во куќа во изградба сопственост на Г.Т. од Битола, Г.Т. физички го нападнал нејзиниот малолетен син, откако затекнал група на малолетници како пишувале на ѕидот на куќата. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12:45 часот Џ.Л.(47) од Тетово пријавил дека на ул.„Илинденска“ во Тетово бил физички нападнат од З.Ј.(39) од Тетово. Сочинет записник по чл.12 од ЗППЈРМ.

Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Ванчо Ангелов“ во Свети Николе, во куќа во која моментално престојувал, бил пронајден починат Н.Г.(57) од Свети Николе. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во двор во с.Радиовце, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред мир со меѓусебна пресметка помеѓу П.З.(34) и С.З.(49). Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 17:55 часот во СВР Тетово Л.Т.(30) од село Одри пријавил дека по претходна расправија во неговиот двор бил физички нападнат од Ф.Н.(27), Ф.Н.(23), И.Н. и уште три лица. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност