Утрински Весник
Македонија

НБРМ: Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона кризата

НБРМ: Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона кризата

Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона-кризата,  а прудентната регулатива на финансиските регулатори, во голем дел е усогласена со европските регулативи и тоа придонесе системот да е во кондиција со којашто може да се справи со шокот предизвикан од пандемијата на Ковид-19. Ова се дел од констатациите на вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност, со која претседаваше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа ги посочи мерки кои имаат за цел ослободување на ликвидност на банките и нејзино насочување кон поддршка на економијата, преку намалениот износ на понудата на благајнички записи и можноста за ослободување на задолжителната резерва за реструктурираните и одобрените кредити на погодените сектори.

„Најновото стрес-тестирање покажува дека и кај банките одделно и кај банкарскиот систем во целина, од минатата година, отпорноста на шокови е зголемена. Системот е здрав и стабилен, со висока и стабилна ликвидност и солвентност“, истакна Ангеловска-Бежоска.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека се преземени активности кај финансиските друштва и лизинг компаниите, со воведување на мерка за намалување на ануитетите на корисниците на кредити до 70 отсто од ануитетот. Тоа е ссо цел да се заштити нивната одржливост и понатамошно работење на пазарот, а со насока да се заштитат и корисниците на кредити.

„Повратот на ДДВ кон фирмите само за април изнесува 38 милиони евра, што е за 23 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Од почетокот на годината повратот изнесува 145 милиони евра, што е за 16,7 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Преку мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за април и мај, чиј износ се проценува на околу 100 милиони евра, покрај основната намена за исплата на плати и зачувување на работните места, таа претставува дополнителна голема ликвидносна инјекција во стопанството“, рече Ангеловска.

На седницата беше нагласено дека влијанието на пандемијата на Кковид-19 врз светските финансиски пазари се очекува да има само краткорочни ефекти врз пензиските фондови, имајќи предвид дека тие се долгорочни инвеститори.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара