Утрински Весник
Македонија

МДС: На овој наш работнички празник, во најтешката година во историјата на македонската дипломатија, ние вработените во МНР стоиме гордо

Македонски дипломатски синдикат: Тивко убивање на македонската дипломатија со новиот закон

Скопје, 1 мај 2020 

На овој наш работнички празник, во најтешката година во историјата на македонската дипломатија, ние вработените во МНР стоиме гордо, со исправена глава и чиста совест. Обесправени, омаловажувани и шиканирани, деградирани и маргинализирани, повеќе од кога и да е, цврсто сме решени да се избориме за сите наши права, наспроти несфатливото авторитарно, неколегијално и непрофесионално однесување на малата група луѓе во улога на раководство на Министерството.

На овој Први мај го креваме нашиот глас против катастрофалната систематизација што омаловажи и оштети голем број првокласни дипломати, волунтаристичкото покренување дисциплински постапки против сите оние што не му се допаѓаат на шефот, цементирање на кариерите на младите дипломати за сметка на помал број неискажани и исфрустрирани, целосно игнорирање на економските и социјални потреби на вработените и поделбите на “наши” и “ваши” од страна на самиот врв.

Деновиве, за жал, раководството на МНР покрена уште три дисциплински постапки против наши колеги, членови на раководството на МДС. И покрај тоа што укажавме на неисполнување на основните законски и уставни предуслови за такво нешто, отворената хајка против дипломати од кариера не застанува.

Од тие причини, информираме дека МДС поднесе барање до Уставниот суд за оспорување на одредба од Етичкиот кодекс na МНР, преку која на мала врата се врши притисок и малтретирање на наши колеги.

Оваа година ќе ја запаметиме како најцрн период во нашата дипломатија, кој ќе нанесе долготрајни штети и непоправливи негативни последици на професионален план и на ниво на меѓучовечки односи во МНР.

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС), синдикална организација при гранскиот Синдикат на администрација и државна управа на Македонија (САДУ).

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме