Утрински Весник
Македонија

Обезбедени 50 респиратори преку заемот на СЗО

Тешка состојба на паценти од Ковид-19 може да има и кај помлади лица

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Обезбедивме дополнителни 50 респиратори преку заемот на Светската здравствена организација (СЗО), коишто ги обезбеди УНДП преку најповолни цени, информираше денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој наведе дека десетина од респираторите ќе пристигнат до 5 јуни, а останатите до крајот на месецов.

– Тоа значи дека со тие од Европската Унија вкупно обезбедивме 70 респиратори, а проценка на Министерството за здравство е доволна количина на респиратори за да се обезбедат потребите на нашите клиники, рече вицепремиерот. см/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица

Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки