Утрински Весник
Македонија

Џафери: Економски напредок не може да биде постигнат без човечкиот труд

Џафери: Економски напредок не може да биде постигнат без човечкиот труд

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во која наведува дека вредноста на работниците е уште поскапоцена во овие денови на предизвици и неизвесност предизвикани од коронавирусот.

– Први мај ја одбележува борбата за права на работниците и го одржува споменот на жртвите од чикашкиот штрајк поради кој овој датум се одбележува традиционалнo со демонстрации. Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители, вели Џафери во честитката.

Ниту еден економски напредок, додава Џафери, не може да биде постигнат без најважниот фактор, а тоа е човечкиот труд и потенцијал. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арената „Тоше Проески“ се најде на листата меѓу топ 10 стадиони на Балканот

Првата линија од „Градски воз” можно е да профункционира до крајот на годинава

Таравари: Распишувањето на предвремени избори зависи од ВМРО-ДПМНЕ