Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Корона-кризата покажа дека институциите на системот функционираат добро

Спасовски: Корона-кризата покажа дека институциите на системот функционираат добро

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Оваа криза покажа дека институциите на системот функционираат добро, дека здравствениот систем функционира добро, а тоа го потврдува и фактот дека првпат бележиме поголем број на излекувани пациенти од бројот на активни случаи, оцени премиерот Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

– Здравствените работници и сите граѓани коишто се придржуваат до мерките на претпазливост ја заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија, наведува Спасовски.

Тој во објавата потенцира дека сепак нашата борба сѐ уште не е завршена и апелира сите заедно да продолжиме да ги почитуваме меките мерки, држење растојание од два метра од лицата околу нас, на затворени и отворени простори, задолжителното носење заштитна опрема за покривање на устата и носот и да не се групираме.

– Само така ќе успееме да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови, додава премиерот Спасовски во објавата на Фејсбук. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор