Утрински Весник
Спорт

Ханси Флик и официјално потпиша со Баерн

Ханси Флик и официјално потпиша со Баерн

Минхен, 30 април 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, потпиша долгорочен договор со клубот.

Тој ќе остане на „Алијанц арената“ до јуни 2023 година, а договорот беше потпишан денес во канцелариите на клубот во присуство на главните движечки фактори кои стојат зад клубот – Карл-Хајнц Румениге, Оливер Кан и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.

Флик пристигна во Минхен како асистент на поранешниот ментор Нико Ковач, а по неговото разрешување доби шанса да го предводи тимот.

По низата добри резултати во јуни, Баерн објави дека постигнале разбирање за долгорочен договор, кој беше парафиран денес.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство