Утрински Весник
Македонија

Мобилните тимови на Црвениот крст во Кичево опслужиле 67 лица

Мобилните тимови на Црвениот крст во Кичево опслужиле 67 лица

Кичево, 30 април 2020 (МИА) – Црвениот крст на Општинска организација во Кичево продолжува со теренска сервисна услуга на мобилниот тим за набавка на храна, хигиена и лекови за старите и изнемоштените лица, лица со попреченост и самохраните родители кои не можаат да излезат од дома.

– Во текот на месец април опслужени се 67 лица кои побараа услуга од мобилниот тим на Црвениот крст во Кичево. Црвениот крст дава поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19, вели Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево.

Таа додаде дека финансиските средства за реализација на овие активности на Црвениот крст се обезбедени од Фондацијата на Кока-Кола компанијата и Пивара Скопје. рз/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Посвежо време со северен ветер: Денеска дожд на северот, снег на високите планини

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија