Утрински Весник
Македонија

Нема некое изненадување во манифестацијата на Ковид-19 кај децата и возрасните

Филипче: Го избравме идеалниот модел за справување со Ковид-19

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Нема некое изненадување со специфика на децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас во однос на другите дијагностицирани заболени со Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче прашан за тоа дали и кај нас е регистрирано заболување со Ковид-19 кај деца со атипични симптоми, како што е случај во изминатите две недели во некои земји од Европа.

– Во однос на децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас немаше некое изненадување со специфика во однос на другите дијагностицирани. Во таа смисла и наодот на белите дробови, пореметувањето на крвта беа во рамки на тоа што се движи манифестацијата кај возрасните. Значи некоја специфика посебна немаше, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање од МИА на денешната прес-конференција.

Здравствените власти во Франција и Велика Британија информираа дека се обидуваат да утврдат дали постои врска со пандемијата на коронавирусот и десетина деца кои неодамна биле примени на интензивна нега во Велика Британија и петнаесетина во Франција, откако развиле атипична форма на болест на крвните садови, што наликува на болеста Кавасаки. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација