Утрински Весник
Македонија

Во штипско свекор се обидел да ја обљуби снаата

Во штипско свекор се обидел да ја обљуби снаата

Штип, 30 април 2020 (МИА) – Дваесет и седум годишна жена синоќа во штипската полиција пријавила дека нејзиниот свекор се обидел да ја обљуби. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека жената случајот го пријавила синоќа во 20.15 часот.

– Жената пријавила дека околу 17.30 часот во семејниот дом, нејзиниот свекор Ѓ.М.(56) од штипското село Лакавица, со употреба на физичка сила и закани по нејзиниот живот се обидел да изврши обљуба над неа, но таа успеала да побегне, се вели во соопштението.

Свекорот  Ѓ.М. е лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интерпелацијата на министерката за енергетика Божиновска пред пратениците

Променливо облачно со локален дожд

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот