Утрински Весник
Спорт

Арапите со понуда до Почетино која не се одбива

Тотенхем со два трансфер удари за денот

Лондон, 29 април 2020 (МИА) – Новите сопственици на Њукасл уште еднаш решија да покажат дека нема да жалат за средствата за создавање моќен тим.

Се започнува од тренерот, па арапските магнати решија да му испратат на Маурисио Почетино понуда што нема да може да ја одбие, или барем тешко – 19 милиони фунти годишно е сумата на која може да смета Аргентинецот, пишуваат медиумите на Островот.

Во случај преговорите да пропаднат, резервна опција е Рафаел Бенитез, кој веќе има долго искуство во водење на тимот од „Сент Џејмс Парк“.

Сигурно е дека новиот проект со дарежлива понуда ќе биде интересен за Почетино – тој нема работа од ноември, има драгоцено искуство во Премиер лигата, а Стив Брус ќе биде менаџер со сигурност сè додека оваа сезона не заврши, во секој случај, заради проблемот со коронавирусот.

Инаку, конечен расплет не се очекува до крајот на сезоната, кога официјалниот саудиски конзорциум ќе го преземе и клубот од Мајк Ешли за 300 милиони фунти.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид