Утрински Весник
Македонија

Филипче: Здравствените работници се грижат за сите нас и се борат за секој живот

Од корона заболени вкупно 122 здравствени работници, седум се оздравени и вратени на работа

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници кои се во првите борбени редови против коронависусот. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој им порачува на здравствените работници да бидат особени внимателни на работните места.

Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари. Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, посочува Филипче. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ