Утрински Весник
Македонија

МОН демантира дека е усвоена уредба со која училиштата продолжуваат со работа од 18 мај

НСОН бара исплата на платата за март за основното и средното образование

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Министерството за образование и наука преку соопштение ја демантира информацијата која денеска е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во Република Северна Македонија продолжуваат со работа од 18 мај.

Од МОН информираат дека се работи за лажна информација и документ, кој воопшто не е подготвен од МОН и усвоен од Владата, а оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови.

За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, посочуваат од МОН, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност.

Од МОН апелираат да не се креираат и шират лажни вести, бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите нас. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание