Утрински Весник
Македонија

Диструбуција на пакети со храна за ранливи категории во општина Старо Нагоричане

Диструбуција на пакети со храна за ранливи категории во општина Старо Нагоричане
Dik 300x250 mk

Куманово, 27 април 2020 (МИА) – Општина Старо Нагоричане продолжува со дистрибуција на прехранбени и хигиенски пакети за социјално загрозените жители, информираат од општината. Акцијата денеска се спроведува во повисоките планински населени подрачја.

-Во акцијата ќе бидат поделени околу 100 пакети со храна, хигиенски средства за ранливите категории граѓани. Пакетите се обезбедни од општествено одговорни компании, изјави градоначалничката на општина Старо Нагоричане Жаклина Јовановска.

Во наредниот период продолжува дистрибуцијата на пакети за семејства со лица со попреченост.

Во општината, информира Јовановска, се спроведува дезинфекција во сите населени места каде што има локални асфалтирани патишта.оџ/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

Бил Декан, завршил во затвор во Идризово, од Управата велат „Не е за тука, ама не знаеме што да правиме без него“

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното