Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Чулев молчи и не одговара, дали командирот на единицата Тигар го придружува Мицкоски во фитнес центар?

СДСМ: Започна исплатата на зголемената социјална помош, над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход

 

Скопје, 27 април 2020 

По објавената снимка на социјалните мрежи на која јавноста имаше прилика да го види Христијан Мицкоски во затворен фитнес центар се отворија повеќе прашања на кои јавноста очекува одговори.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се уште и должи на јавноста одговор, дали во придружба на Мицкоски е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, поставен токму од него ?

И ако е тој , во кое својство е во придружба на Мицкоски во фитнес центар?

Освен несериозното и неодговорно однесување на Мицкоски кое и не е нешто ново, уште понесериозно и неодговорно е во време на најголемата здравствена криза кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните, кадрите на Чулев да бидат во служба на Мицкоски.

Граѓаните очекуваат одговори од техничкиот министер Наќе Чулев.

СДСМ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт