Утрински Весник
Македонија

Делчевски планинари во посета на Тработивишки Кукуље

Делчевски планинари во посета на Тработивишки Кукуље

Делчево, 25 април 2020 (МИА) – Шестчлена екипа на Планинарски спортски клуб „Голак“ од Делчево реализираше планинарски марш долг 11 километри до месноста Тработивишки Кукуље. Планинарскиот марш, како што информира претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, се реализирал согласно препораките од Министерството за здравство.

-Групата беше ограничена на шест луѓе, кои при изведувањето на маршот се движеа на потребната дистанца од најмалку 1,5 метар. Маршот се реализираше по убаво сончево и мирно време, при што сите планинари успешно ја поминаа патеката, рече Чучуковски.

Како што додаде тој, Тработивишки Кукуље се месност која често се заменува со Истевнички Кукуље и затоа им препорача на оние кои немале можност да ги посетат Кукуљето во село Тработивиште со цел да се уверат во нивната уникатност.

-Месноста Тработивишките Кукуље се наоѓаат на 800 метри надморска височина на планината Голак и е малку позната месност. За да не дојде до забуна, постојат и Истевнички Кукуље која исто така е погодна за почетници и аматери, додаде Чучуковски.

Вакви активности, како што додадоа од ПСК „Голак“ ќе ги има почесто во наредниот период. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип