Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Барселона може да го ослободи Кутињо за 75 милиони евра, за него се заинтересирани Евертон и Лестер

Кутињо го одби Тотенхем
300x250 opst2

Барселона, 25 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој на позајмица игра за Баерн, може да се врати во Англија.

За Бразилецот се заинтересирани Лестер и Евертон. Претходно беше објавено и дека играчот е во сферата на интересите на Челзи, Тотенхем и Арсенал.

Каталонците разгледуваат неколку опции за трансфер на 27-годишниот играч од средниот ред. Клубот би сакал да добие 90 милиони евра, но таквата сума на обештетување е малку веројатна, па се верува дека може да се согласи и со 75 милиони.

Исто така е можно Кутињо повторно да замине на закуп за една година. Можно е дека ова ќе биде позајмица со обврска за откуп, а оваа опција одговара на Евертон, кој има добар однос со Барса по неодамнешните зделки на Џери Мина, Андре Гомеш и Лука Дин.

Кутињо играше во Премиер лигата од 2013 до 2018 година за Ливерпул. Во исто време, „црвените“ не се заинтересирани за неговото враќање. Баерн исто така не планира да го откупи неговиот договор. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025