Утрински Весник
Спорт

Германците поддржуваат испраќање на цел фудбалски тим во карантин за 14 дена, доколку еден играч даде позитивен тест

Борусија Дортмунд ќе ја удвои платата на Санчо

Минхен, 25 април 2020 (МИА) – Студија во Германија покажува дека 90 проценти од испитаниците поддржуваат испраќање на цел фудбалски тим во карантин за 14 дена, доколку еден играч даде позитивен тест за коронавирус, јави ДПА.

Бундеслигата се надева дека ќе ги продолжи натпреварите во мај без навивачи ако тоа го дозволат владата и здравствените власти. Германската фудбалска лига планира да го карантинира само заразениот играч и да прави редовни тестови на неговите соиграчи, спротивно на практиката во други земји.

Истражувањето спроведено на барање на АРД, исто така, покажува дека 61 процент веруваат дека цената на редовните тестови за спречување на инфекцијата не е оправдана.

Експертите се жалат дека тестовите треба да бидат резервирани за здравствените работници и оние на кои им се потребни.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Душко Вујошевиќ – 24info.mk

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп