Утрински Весник
Спорт

Кристијано го информирал Јуве за неговите планови

Роналдо: Немам намера да се пензионирам

Торино, 25 април 2020 (МИА) – Најважниот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо изрази подготвеност да остане во клубот уште две сезони, пренесува „Тутопорт“, со база во Торино.

Ова значи дека тој ќе го исполни неговиот договор, кој истекува во летото 2022 година. Тогаш Португалецот ќе има 37 години.

На тој начин Кристијано сака да го смири раководството дека не размислува за заминување откако се појавија гласини за интерес на Пари Сен Жермен.

Напаѓачот се уште е во родната земја, чекајќи информации за можен датум за продолжување на тренинзите во Серија „А“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари