Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Се тестиравме со сопругата, тестовите се негативни

Кумановскиот градоначалник Димитриевски доби пресуда, еден денар оштета и извинување за изречени клевети и навреди

Куманово, 23 април 2020 (МИА)Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски на социјалните мрежи сподели информација дека е негативен на тестови на коронавирус. Заблагодарувајќи им се на граѓаните за поддршката, тој информира дека со сопругата направиле тестирање во неколку лабаратории.

-Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. Сите тестови се негативни, пишува Димитриевски.

Тој во објавата на социјалните мрежи наведува дека побарал од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово да ги разгледа резултатите од тестирањето и по потреба да го повтори тестот.

– Под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета, пишува Димитривски.

Тој се надева дека неговото барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите, бидејќи како што пишува, покрај негативните тестови здравствената состојба нему и на членовите на неговото семејство им е добра, дека немаат симптоми.

– Не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне, пишува Димитриевски.

Градоначалникот Димитриевски посака брзо закрепнување на граѓаните кои се борат со болеста и повика на почитување на мерките.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор