Утрински Весник
Македонија

Пукање во воздух при приведување на човек баран со потерница

Пукање во воздух при приведување на човек баран со потерница

Тетово, 23 април 2020 (МИА) – Во Тетово попладнево полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 38 годишник да избега, при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово. Настанот се случил на улицата Јане Сандански околу 16 часот.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода В.Ф (37) од скопското село Студеничани по кого имало распишана централна потерница за издржување на 6 годишна затворска казна за сторено кривично дело трговија со луѓе. Пред да биде лишен од слобода В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”