Утрински Весник
Македонија

Османи: Во духовниот мир на Рамазан ќе го препознаете одговорот на актуелните предизвици

Османи: Ако треба ќе најдеме преговарач што е технички, непартиски

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Од вечерва почнуваат рамазанските пости, еден од најзначајните обврски што ни помага да се одвоиме од овоземските предизвици и да се посветиме на нашата внатрешна духовната светост. Ова е период кога секој од нас треба да се сврти кон себе, кон своите најблиски, фамилијата и кон бога за да го почувствуваме единството и еднаквоства пред бога, кое што ни го овозможува овој месец преку постот, избегнувањето на лошите навики и гревови, истакна вицепремиерот Бујар Османи, по повод започнувањето на рамазанските пости.

Тој додаде дека денеска, кога сите сме соочени со длабока криза, предизвикана од една од најголемите пандеми во историјата Ковид-19, токму во изградбата на нашиот внатрешен духовен мир се наоѓа и одговорот на оваа сегашна закана.

– Седете дома; бидете со своите најблиски, посветете се на себе, на фамилијата, на бога и со тоа помогнете си најмногу на себе, на своите најбилиски, но и на сите нас – да создадеме вистинско колективно единство. Нека ни е честит и благословен месецот Рамазан, нагласи Османи.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”