Утрински Весник
Спорт

Серхио Родригез не очекува Евролигата да се доигра

Серхио Родригез не очекува Евролигата да се доигра

Милано, 23 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Армани Милано, Серхио Родригез смета дека сезоната во Евролига суспендирана поради коронавирус нема да завцрши.

– Во моментов, јас сум малку песимист. Не мислам дека Евролигата ќе биде продолжена. Ова е многу тешко да се спроведе, бидејќи на натпреварот учествуваат неколку екипи надвор од Европската унија, како и поради големиот број Американци кои не биле во Европа веќе подолго време. Мислам дека нема да има време да ја продолжиме сезоната, изјави Родригез.

Според најавите можно е преостанатите натпревари да се одиграат од 4 до 26 јули во алтернативен формат. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026