Утрински Весник
Македонија

Димитров: Потебна е регионална и глобална солидарност за справување со пандемијата

Димитров: Потебна е регионална и глобална солидарност за справување со пандемијата

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – За справување со кризата со коронавирусот и последиците од неа потребна е заедничка реакција и солидарност и на регионално, но и на глобално ниво. Овој предизвик може да го надминеме само заедно. Вирусот не може да биде победен во една земја, а да остане во друга. Тогаш тој ќе се врати и затоа е потребно заедништво, солидарност и усогласени акции, рече министерот за надворешни работи Ниола Димитров на он-лајн видео конференција во ко-организација на Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, насловена „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во доба на КОВИД-19“.

По кризата со пандемијата со коронавирусот глобално, рече Димитров, ќе се соочиме со прашањето дали по кризата ќе се разбудиме во свет со национален изолационизам или повеќе глобална солидарност. Она што го правиме сега преземајќи брзи мерки и одлуки во борба со пандемијата, потенцира шефот на дипломатијата, ќе придонесе за нашиот избор глобално по нејзиното завршување.

-Мора да ја победиме оваа битка заедно. Вирусот не може да се победи само во границите на една земја. Ако тој биде биде победен во една земја, а не во соседнството ќе се врати. Затоа треба да се справуваме со него во глобална солидарност, рече Димитров.

Тој вели дека она што сака да го види на глобално ниво, сака да го види и во регионот и соседството.

-Она што сакам да го видам во нашиот регион е повеќе заедништво, регионална соработка и усогласување на политиките со нашите пријатели и сојузници. Ако ЕУ на почетокот и требаше време да се разбуди мислам дека нејзината машинеријата дава конкретна помош. Мислам дека колку повеќе сме дел од мерките толку побрзо ќе се опоравиме. Мислам дека и на билатерално ниво кога се соочуаме со заеднички предизвик би требало да го применуваме принципот на заедништво и да го применуваме и во билатералните односи исто така, рече Димитров.сст/са/

Up for grabs? Disaster diplomacy and other tools of influence in Southeast Europe at the age of COVID-19. Watch here or on our platform – https://www.crowdcast.io/e/defoe7

Posted by Delphi Economic Forum on Четврток, 23 април 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава