Утрински Весник
Спорт

Бејл: За нас навивачите на Тотенхем, финалето на Лигата на шампионите 2018/19 беше разочарување

Реал го дава Бејл плус пари за да го добие Погба
Dik 300x250 mk

Лондон, 22 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл зборуваше за настапите на Тотенхем во Лигата на шампиони во 2018/19 година.

– Сите сакаа да го гледат финалето во Лигата на шампионите. Тотенхем беше таму, па очигледно и јас бев многу заинтересиран. Се надевав дека ќе стигнат до финалето, како што се покажа на крајот. Имаа одлични натпревари на патот до финалето, особено во полуфиналето со Ајакс. За нас навивачите на Тотенхем, беше разочарување поразот од Ливерпул во дуелот за трофејот. Треба да ја погледнете големата слика. Тие имаа одличен турнир и работеа добро, истакна Бејл.

За потсетување, Велшанецот играше за „спарс“ во периодот од 2007 до 2013 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето