Утрински Весник
Македонија

Европското движење ги повикува студентите да учествуваат во конкурс, квиз и дебата

Европското движење ги повикува студентите да учествуваат во конкурс, квиз и дебата

 

По повод одбележување на 9 мај, денот на Европа, Европско движење во Република Северна Македонија го става акцентот на младите, така што организира настани и активности за студентите.

Оттаму објавија конкурс за најдобра фотографија на тема „Најдобар европски град“. Секој студент може да испрати само една фотографија која е направена во некој од европските градови и на истата треба да го има самиот студент. Фотографиите подоцна ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Европското движење и трите фотографии кои ќе добијат најголем број лајкови ќе бидат наградени. Вкупниот награден фонд изнесува 250 евра.

Фотографиите треба да бидат доставени на е-маил адресата secretariat@europeanmovement.org.mk најдоцна до 25 април 2020 година.

Од Европското движење организираат и онлајн дебата на тема „Искуствата од Еразмус плус размените“. Целта на оваа дебата е студентите да ги разменат искуствата кои ги стекнале од размената во некоја европска земја и да се утврдат позитивните и негативните аспекти на ваквите размени. Дебатата ќе се одржи на 5 мај во 12 часот, преку web платформата ZOOM.

Пријавувањето е на е-маил адресата secretariat@europeanmovement.org.mk најдоцна до 25 април 2020 година.

За 9 мај предвидено е да се одржи квиз со почеток од 14.00 часот. Истиот ќе се состои од 30 општи прашања за Европската Унија, за државите – членки, како и за процесот на пристапување на нашата држава кон Унијата. Секој универзитет има право да пријави еден студент/ка кој би го претставувал универзитетот. Квизот ќе се реализира преку платформата Kahoot и ќе биде пренесуван во живо на социјалните мрежи. Најдобрите три натпреварувач(к)и ќе бидат наградени од страна на Европското движење во Република Северна Македонија. Вкупниот награден фонд е 350 евра.

Пријавувањето е најдоцна до 24 април, на меил адресата secretariat@europeanmovement.org.mk. Во пријавата треба да бидат напишани име и презиме, факултет и година на студии и меил за контакт.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”