Париз, 22 април (МИА) – Автомобилската група „Рено“ започна со обновување на производството во Франција, откако тоа беше запрено на 16 март во обид да се справи со епидемијата од Ковид-19, објавија француските медиуми.
Закрепнувањето ќе биде многу бавно и постепено, со ограничен персонал, кој постепено ќе се зголемува за да се потврди добрата имплементација на санитарниот протокол, објасни директорот на компанијата за човечки ресурси Тристан Лормо на телефонска конференција со новинарите.