Утрински Весник
Македонија

Парични казни за четири лица од Битола за непочитување на полицискиот час

Парични казни за четири лица од Битола за непочитување на полицискиот час
Img 5587

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Четири лица во Битола во одделни кривично правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила,  биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш без притоа да поседуваат дозвола за движење.

Како што денеска соопшти Јавното обвинителство на РС Македонија, обвинетите на 21.04.2020 година за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест Ковид -19 не постапилe според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

300x250 (7)

– Заради стореното кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност, стои во соопштението од ЈО. цр/​​ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Заев: Водевме протестно движење што ја донесе слободата во Македонија

Мицкоски: Се обврзуваме на брзи резултати и исполнување на она кое што го ветуваме за да ја трансформираме Македонија

Битиќи во Ѓорче Петров: Во европска Македонија нема место за ксенофобија