Утрински Весник
Македонија

ОЈО Скопје предложи парични казни за 19 прекршители на полицискиот час

ОЈО Скопје предложи парични казни за 19 прекршители на полицискиот час

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – По 2.000 евра е предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје да се казнат 19 лица кои изминатото деноноќие го прекршиле полицискиот час.

Сите обвинети, како што информираат од ЈО, не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за тоа. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стружанец измамен за над 2000 евра

Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева

Во дом во Кавадарци пронајдена дрога, уапсено едно лице