Утрински Весник
Македонија

Владата ќе одржи седница, се очекува да се разговара за скратување на полицискиот час

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Владата денеска ќе одржи седница, а според најавите, се очекува на неа да се разговара за скратување на полицискиот час кој би почнувал од 19 часот и би траел до 05 часот следниот ден.

Седницата е закажана во 15 часот, а ќе се одвива преку видео-интернет комуникација. За донесените одлуки, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Премирот Оливер Спасовски денеска во интервју за „Утрински брифинг“ потврди дека на денешната седница ќе се разгледува предлогот за релаксација на мерките после првомајските празници односно за скратување на полицискиот час. Поголема временска рамка за движење би имале и лицата постари од 67 години и младите лица. бак/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН

Сообраќајка во Охрид: Двајца тешко повредени

Филипче: Има пари во Буџетот за поголеми плати, поддршка за наставниците