Скопје, 21 април 2020 (МИА) – На Универзитетската клиника за детски болести ситуацијата е стабилна, нема нови позитивни случаи со коронавирус меѓу персоналот. Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, а не од Одделот за онкологија, како што кажав на минатата прес-конференција. Претпоставениот контакт е мајка на дете кое требало да се прими за терапија на Хематоонкологија според анкетите на епидемиолозите. По протоколот од одреден од Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска, истакна на онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека направен е увид на целата Клиника, чистење, степенувани се според ризик и контактите, работата е организирана по тимови и сите одделенија на Клиниката функционираат најнормално.
– Суспектните пациенти се упатуваат во болницата во Козле и ако треба да влезат на Клинкиката за детски болести има посебен дел и соодветен пристап. Темелно се хоспитализираат и пациенти со малигни болести и хронични болни и пациенти со системски болести, како и новороденчиња, додаде Филипче.
Во врска со Истражниот затвор во Шутка, тој рече дека завршени се сите анализи, таму сите околу 50 земени тестови се негативни и институцијата работи непречено.
– Во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров исто така сите земени брисеви и тоа на тројца штитеници кои се таму и на 13 вработени се негативни. Работата е реорганизирана е според распоредот и таа институција функционира нормално, истакна Филипче.
Во врска со Центарот за јавно здравје во Велес, посочи дека еден од тамошните вработени е во самоизолација, но сите одделенија работат нормално. Додаде дека завршен е увидот и маркетот во Велес, при што 15 добиваат решенија за самоизолација, извршена е дизенфекција на објектот, а сопственикот треба да ја огранизира работата за да може да ја врши дејноста непречено. рп/скс/