Утрински Весник
Македонија

Велковски: Во Свети Николе, нема заразаени од КОВИД-19, да не се шират лажни вести

Во Свети Николе во самоизолација 21 лице

Штип, 21 април 2020 (МИА) – Општина Свети Николе одлично се справува со пандемијата, досега во оваа општина нема регистрирано ниту едно лице позитивно на коронавирус, информира денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски. Но, тој апелира граѓаните да не ширан лажни вести на социјалните мрежи

– Ве замолувам без ширење на лажни вести за можни лица заболени од коронавирусот. Не се потребни вакви вести во овој сензитивен период за сите нас. На територијата на општина Свети Николе не е регистрирано ниту едно лице заболено од Ковид -19, вели Велковски.

Тој посочи дека во моментот 27 лица се наоѓаат во самоизолација и истите се придржуваат на мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство. За време на продолжениот викенд 43 лица не ја почитувале мерката за забрана на движење и против истите се поднесени кривични пријави согласно Кривичниот законик.

– Апелирам до сите граѓани, да ги почитуваат мерките и препораките за забрана на движење и превенциите за заштита и држење растојание од два метри, истакна Велковски. вдј/оџ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

ЦУ: Етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран