Утрински Весник
Македонија

Mozzart донираше 120 телевизори во повеќе установи низ земјата

Mozzart донираше 120 телевизори во повеќе установи низ земјата

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Општите болници во Дебар, Куманово, Гостивар, Домот за згрижување деца во Скопје, Детскиот дом „11-ти Октомври“, домовите за стари лица „Мајка Тереза“ од Скопје, „Зафир Сајто“ од Куманово и „Кире Крстески Платник“ од Прилеп добија телевизори донација од компанијата Mozzart.

Финансискиот пакет од 50.000 евра, како што соопштија од компанијата, е наменет за болниците во државава, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти. Финансиска помош доби и Македонскиот Полициски Синдикат за набавување заштитни средства.

Mozzart во изминативе неколку месеци има донирано над 210 телевизори. Покрај погоре наведените установи, телевизори од Мozzart добија и Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Државниот студентски дом во Скопје, Општата болница во Кочани, Општата болница во Охрид, Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат