Утрински Весник
Македонија

Две лица пријавени за нарушување на јавниот ред и мир во беровско Будинарци

Две лица пријавени за нарушување на јавниот ред и мир во беровско Будинарци

Берово, 20 април 2020 (МИА) – По меѓусебна расправија, две лица од беровското село Будинарци заработија кривична пријава заради нарушување на јавниот ред и мир. Немилиот настан како што информираат  од полицијата се случил во двор на еден од пријавените.

– Меѓусебната пресметка помеѓу В.П.(29) и А.А.(36) и двајцата од село Будинарци се случила на ден 19 април 2020 година. Нивната меѓусебна расправија е пријавена до Полициската станица од општа надлежност Берово во 19:00 часот истиот ден, се вели во извештајот на беровската полиција.

По документирање на случајот од полицијата најавија дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против нарушителите на јавниот ред и мир. вс/oџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити