Утрински Весник
Македонија

Заменик – директорот на кумановската болница позитивен на Ковид-19

Заменик – директорот на кумановската болница позитивен на Ковид-19

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи преку објава на неговиот  Фејсбук профил информира дека е позитивен на коронавирусот.

Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

– По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен, пишува Исуфи.

Тој, воедно, апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, секој од нас е одговорен за последиците.фф/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија во портокалова фаза: Жешко до 39 степени, потоа дожд, силен ветер и град

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи