Утрински Весник
Македонија

Олеснета постапката за донација за справување со коронавирусот

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Министерството за правда подготви уредба за да ја олесни постапката на донаторите во нивните хумани намери да донираат на буџетските корисници за тие полесно да се справат со состојбите предизвикани од коронавирусот Ковид-19.

Владата на Република Северна Македонија, како што соопшти Министерството за правда, денеска ја усвои Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства која предвидува дека донаторите не треба повеќе да поднесуваат барање за потврдување на јавен интерес до Министерството за правда, бидејќи за овој вид на донации со уредбата е утврдено дека се од јавен интерес.

Тоа, како што е посочено во соопштението, значи дека донаторите за да остварат даночно олеснување за овој вид на донации, до Управата за јавни приходи не треба повеќе да доставуваат копија од решение на Министерството за правда за потврден јавен интерес на донацијата, како што беше досега.

За сите други донации, донаторите ќе можат барањето за потврдување на јавниот интерес и придружните документи да ги доставуваат до Министерството за правда и во електронска форма, а Министерството ќе може да ја спроведува оваа постапка и по електронски пат, што досега не беше законски признаен начин на спроведување на постапката.

За донациите наменети за справувањето со коронавирусот Ковид-19, како и за секоја друга донација во јавните дејности, опфатена со членот 2 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, даночното поттикнување пред Министерството за финансии (за поврат на ДДВ-то) и пред Управата за јавни приходи (за даночното поттикнување кај данокот на личен доход и кај данокот на добивка), ќе може да се спроведува како во хартиена форма така и електронски. дма/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор