Утрински Весник
Македонија

Од вторник заладување со повремен дожд и снег на планините

Од вторник заладување со повремен дожд и снег на планините

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд. Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините.

Утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 18 до 24 степени.  Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе достигне 22 степена.

-До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник кон крајот на денот ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Значителна промена на времето се очекува во вторник, која ќе биде проследена со заладување, повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”