Утрински Весник
Македонија

Запознајте го Зоки Поки, малиот актер Матеј Настевски

Zokipoki

СКОПЈЕ – 16 АПРИЛ, 2020 – Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Додека го чекаме почетокот на емитувањето, се запознаваме со симпатичниот Матеј Настевски, кој ја толкува главната улога, Зоки Поки.

Матеј е петтоделенец во ООУ „Мирче Ацев“ во Скопје кој обожава да патува и другарува. Тој вели дека за време на снимањето на „Зоки Поки“ се пронашол себеси и дека дефинитивно сака да продолжи да се занимава со глума кога ќе порасне.

Во двеминутно видео со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки“, Матеј открива што е љубов, кој му е омилен, а кој најтежок предмет во школо, зошто „Зоки Поки“ му е омилена книга, кои му се омилените серии, филмов и цртани, дали повеќе сака ванила или чоколадо, кој спорт му е најзабавен, кој стрип го сака најмногу, дали рециклира и, секако, дали има симпатија.

Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”