Утрински Весник
Економија

Рош Македонија предвремено плати данокот на добивка од 1.648.782 денари

Рош Македонија предвремено плати данокот на добивка од 1.648.782 денари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Рош Македонија – Скопје одлучи да изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година во целост, односно исплатен е вкупен износ од 1.648.782,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи, соопштуваат од компанијата.

-Со оваа одлука имаме за цел да придонесеме за зголемување на ликвидностa на државата во овој тежок период, имајќи предвид дека на државата би и биле од корист дополнителни ресурси за спречување на брзото ширење на вирусот, за заштита на здравјето на граѓаните и за минимизирање на неминовните штети врз економијата, наведуваат од компанијата.скс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МФ исплати нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании

Германија без реформи ризикува долгорочен економски пад

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари