Утрински Весник
Македонија

СВР Охрид од денеска со засилени контроли на сите излетнички места

Од денеска, како и во текот на викендот, се до вторник, до завршување на велигденските празнични денови, СВР Охрид ќе прави засилени контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд-населбите, како и во верските храмови.

„Засилените мерки за контрола на парковите, излетничките места и викенд-населбите почнуваат од денеска во 16 часот и ќе траат до 21 април, вторник, до 5 часот. Дополнително, мерки за контрола ќе се преземаат и околу верските храмови, што е во согласност со одлуката на Владата за продолжување на забраната и посебниот режим на движење за време на претстојниот христијански празник, Велигден. Тие ќе почнат на 17 април, петок, во 16 часот, се до 21 април, вторник, до 5 часот“, соопшти СВР Охрид.

Упатен е апел до сите граѓани строго да ги почитуваат одлуките на Владата за забрана за движење, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите препорачани мерки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот. Во спротивно, ќе се изрекуваат санкции согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

НЕМА МЕСТО ЗА ШИРЕЊЕ НА ПАНИКА: Нема во најава екстремно топол бран од Африка

МВР со демант до СДСМ по тврдењата за набавка на сомнителен софтвер за прислушкување

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност