Утрински Весник
Македонија

Преку регионален проект Општина Берово доби специјализирани садови за отпад

Преку регионален проект Општина Берово доби специјализирани садови за отпад

Берово, 16 април 2020 (МИА) – Со финансиска поддршка од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, а како дел од регионален проект кој го реализира Локалната акциска група Малеш-Пијанец за општините Берово, Пехчево и Делчево, денеска Општина Берово доби 20 специјализирани садови за отпад. Истите како што информираа од општината ќе бидат наменети за подобрување на јавната хигиена во градот.

-Обичните контејнери кои ги добивме во рамки на овој проект се поставени на јавни површини, додека контејнерите за селектирање на отпадот, ќе се постават пред неколку фирми, со цел поголема група на граѓани, да бидат вклучени во селектирањето отпад, информираа од општината.

Со цел да не се расфрла отпадот, според планираното како што дополнија, истите ќе бидат заштитени.

-За да не биде разнесуван од животни, паралелно со поставување на новите контејнери, ЈПКР „Услуга” од Берово ќе врши мрежно оградување на дел од контејнерите, додадоа надлежните.

Во насока на подобрување на комуналната хигиена во градот, претходно Општина Берово во соработка со фирмата „Пакомак” од Скопје на неколку локации во градот постави контејнери за собирање на отпадно стакло. вс/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри