Утрински Весник
Спорт

Челси ќе обезбеди 78.000 порции храна на здравствената служба

?

Лондон, 16 април 2020 (МИА) – Челси ќе обезбеди 78.000 порции храна на здравствената служба на Велика Британија и за поддршка на стари и социјално загрозени лица за време на епидемијата од коронавирус во земјата.

Храната ќе ја подготви угостителската компанија со која работат „сините“ од Лондон, пакетите бесплатни оброци ќе им бидат доставени на оние кои имаат потреба од нив во наредните шест недели.

Клубот ќе помогне во хранење на здравствените работници во пет локални болници, во партнерство со социјални услуги и старечки домови за да обезбеди дел од потребната храна.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино