Утрински Весник
Спорт

Реднап го советува Кејн да не оди во Манчестер јунајтед

Реднап: Ако ги задржав шесте ученици во Вест Хем, ќе ја освоевме Премиер лигата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 15 април 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап, се противи на идејата напаѓачот на „Спарс“, Хари Кејн да се пресели во Манчестер јунајтед.

– Кејн не е Меси или Роналдо, но во моментот нема централен напаѓач во светот подобар од него. Тој би бил совршен за Манчестер Јунајтед, како и секој друг тим, но ми се чини дека „црвените ѓаволи“ сега не се подобри од Тотенхем. Не би рекол дека постои јаз меѓу клубовите, двата сакаат да влезат во првите четири во Премиер лигата. Мислам дека Кејн треба да ги разгледа предлозите на Реал Мадрид или Барселона, доколку пристигнат во вистински момент, изјави Реднап.

Кејн има 17 голови и две асистенции на 25 натпревари за Тотенхем во сезоната 2019/20. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk