Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре од 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

На седницата Советот се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за спраување со пандемијата на Ковид-19, откако вчера Владата на 41-та седница реши да достави Заклучок до претседателот дека е потребна вонредна состојба за успешно справување со кризата.

На седницата, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата на Претседателот и на неговиот Јутјуб канал. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

Започна втората фаза од автопатот Скопје – Блаце: 10,5 километри ќе се градат четири години