Утрински Весник
Македонија

Четири случаи на непочитување на полицискиот час во Тетовско

Четири случаи на непочитување на полицискиот час во Тетовско

Тетово, 15 април 2020 (МИА) – Тетовската полиција бележи четири нови случаи на непочитување на одлуката за ограничено движење во периодот од 07:00 часот вчера до истото време денеска. Тие се лишени од слобода, задржани во Полициската станица Тетово.

– За сите четворица ќе се изготват соодветени поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од СВР Тетово.

Во овој период полициските службеници на СВР Тетово извршиле контроли на вкупно 157 лица со решенија за изолација издадени од Државен здравствен и санитарен инспекторат. Воедно контролирани се 145 луѓе со изјави за самоизолација.

-При контролите на лицата со решенија и со писмени изјави не се констатирани непочитувања и поради тоа нема поднесени пријави по таа основа, потенцираат од СВР Тетово.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава