Утрински Весник
Македонија

Реконструирани две улици во Бардовци

Реконструирани две улици во Бардовци
Dik 300x250 mk

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Општина Карпош заврши со реконструкција на две улици во Бардовци. Станува збор за реконструкција на крак од улицата „19“ и улица „20“.

Улицата „19“ е во должина од 150 метри и ширина од три метри, а кракот од улицата „20“
е во должина од 140 метри и ширина три метри и 80 сантиметри.

-Овие две локални улици претставуваат пристап за поголем број на домаќинства, куќи во овој дел од Карпош. На овој начин, се олесни движењето и се зголеми безбедноста за граѓаните и нивните возила, имајќи предвид дека овие улици со години беа во руинирана состојба, велат од општина Карпош.

Оттаму информираат дека во изминатиот период, во Бардовци се реконструирани и улиците: крак од улица „18“ и крак од улица „4“.

-Локалната самоуправа продолжува со подобрување на инфраструктурата во периферните делови на Карпош, но и во урбаниот дел, истакнуваат од општината. ир/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обид за братоубиство во Марино, кривично ќе се гони 37-годишник

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува”

Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина – фокус на новата трансатлантска соработка